Напаѓачот на Баерн Минхен и репрезентацијата на Англија, Хари Кејн, е уверен дека само головите не се доволни за да се освои наградата – „Златна топка“.
„Можев да постигнам 100 гола оваа сезона но, ако не ја освојам Лигата на шампионите или Светското првенство, веројатно нема да ја освојам Златната топка“ – рече голгетерот на Баварците.
„Исто е со Халанд и со секој друг играч. Мора да освојуваш големи трофеи“ – рече Кејн.

