Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Коке го одигра својот 700-ти натпревар за Атлетико Мадрид
    Фудбал

    Коке го одигра својот 700-ти натпревар за Атлетико Мадрид

    dinoBy dino24/11/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Коке продолжува да пишува историја за Атлетико Мадрид. 33-годишниот играч од средниот ред го одигра својот 700-ти натпревар за „Мадриѓаните“ во победата од 1:0 над Хетафе на гости.

    Покрај тоа што е играчот со најмногу официјални настапи во историјата на Атлетико Мадрид, Коке е втор играч со најмногу сезони како капитен на Атлетико (7). Првото место на ова рангирање го држи Енрике Колар, кој ја носеше лентата десет сезони (1959-1969).

    Коке е дел од академијата на Атлетико од 8-годишна возраст, а дебитираше за првиот тим на 19 септември 2009 година против Барселона. Во овие 17 години, тој има две титули во Ла Лига, еден Куп на кралот, две титули во Лигата на Европа, два европски Суперкупа и еден шпански Суперкуп.

    „Честитки за ова извонредно достигнување и продолжете да пишувате историја, капитене!“, напишаа од клубот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.