Ергин Атаман го критикуваше системот за селекција за Светското првенство во кошарка на ФИБА. Селекторот на Турција, остро зборуваше на таа тема.
„Распоредот за националните тимови е многу чуден. Вие сте финалисти на Европското , но нема гаранција дека ќе се квалификувате за Светското првенство бидејќи сега мора да играте со различен состав“ – рече Атаман.
„Верувам дека шампионите и финалистите на Евробаскетот треба да се натпреваруваат со второлигашки состави за места на Светското првенство“ – истакна Атаман.

