Индијана објави дека потпиша двонасочен договор со кошаркарот, Итан Томпсон и дека се ослободи од плејмејкерот РејЏеј Денис. Томпсон ќе може да игра максимални 38 натпревари според условите на неговиот двонасочен договор. 26-годишникот постигна импресивна статистика во Г-лигата со просек од 26,9 поени, 5,8 скока и 6,5 асистенции. РејЏеј Денис во сезонава одигра 13 натпревари за Индијана, со просек од 4,9 поени и 2 асистенции.
Author: dino
Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џексон Хејс, ги сподели мислите за одбраната на тимот кој се наоѓа дури на 16-то место во тој сегмент во НБА лигата. „Секогаш има простор за подобрување. Има ноќи кога играме добра одбрана и има ноќи кога правиме грешки“ – вели Хејс. „Мислам дека сето тоа е дел од предизвиците што доаѓаат со почетокот на сезоната“ – рече играчот на „езерџиите“.
Макаби Тел Авив објави дека Одед Каташ ќе остане на чело на тимот барем до крајот на сезоната. „Кошаркарскиот клуб Макаби Тел Авив изразува целосна доверба во тренерот Одед Каташ. Клубот му посакува успех во сите предизвици што го очекуваат во остатокот од сезоната“ – се вели во официјалното соопштение на учесникот во Евро-лигата. Објавата доаѓа по гласините дека екипата од Израел се обидува да пронајде нов тренер.
Кошаркарот на Црвена Ѕвезда, Џоел Боломбој, кој ги пропушти последните девет месеци поради повреда на коленото, конечно ги продолжи тренинзите. 31-годишникот започна со индивидуална работа и се очекува да се врати на теренот во наредните месеци. Тој претрпе повредата во почетокот на март 2025 година. Црномурестиот кошаркар на „црвено-белите“ пред повредата имаше просек од 10,2 поени и 8,3 скока во Евро-лигата.
Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед имаат намера да конкурираат за потписот на Винициус Жуниор доколку Бразилецот си замине од редовите на Реал Мадрид. Медиумите во Англија наведуваат дека луѓето од „Олд Трафорд“ планираат да ја засилат навалата и дека во преден план размислуваат за брзоногото крило. Според информациите, „црвените ѓаволи“ има прелиминарни разговори со претставниците на бразилската ѕвезда која вреди околу 150 милиони евра.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, подготвува понуда за репрезентативецот на Гана, Антоан Семењо, во јануарскиот преоден рок. Според – „Тајмс“, англискиот тим размислува да ја активира откупната клаузула на крилниот напаѓач од 65 милиони фунти. 25-годишникот во дресот на Борнмаут се наметна како еден од најефикасните крилни играчи во Премиер лигата со шест голови и три асистенции.
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, беше задоволен по победата против Пиза во рамките на „Серија „А“. „Натпреварот беше далеку од лесен. Противникот беше добро организиран и насочен на дефанзива. Мораме да бидеме задоволни“ – рече Киву. „Знаевме какви со што ќе се соочиме бидејќи Пиза немаше долго врме примено гол дома. Мораме да се насочиме кон позитивните страни“ – рече тренерот на „нероаѕурите“.
Антонио Конте по минималната победа на гостувањето кај Рома во дербито на Серија „А“ , изјави, дека неговите фудбалери сосема заслужено ги освоија бодовите. „Рома беше пред нас на табелата. Задоволен сум бидејќи видов настап со карактер. Многу сум среќен. Се надевам дека играчите што ги имам сега ќе останат здрави“ – рече тренерот на Наполи. „Играчите го докажуваат ентузијазмот и решителноста. Ќе направиме сè што можеме за да го одбраниме Скудетото“ – беа зборовите на Конте.
Поранешниот играч на Ливерпул, Стив Мекманаман, одговори на прашањето дали е можна оставка на менаџерот Арне Слот откако „црвените“ влегоа во лоша серија и загубија дома од ПСВ во Лигата на шампионите. „Прерано е да се постави тоа прашање. За да се случи тоа, ќе треба да бидеме елиминирани од Лигата на шампионите и да се наоѓаме на дното од табелата во Премиер лигата .“ – рече Мекманаман. „Ливерпул ќе игра против Арсенал во втората недела од јануари – тогаш треба да се постави прашањето“ – рече некогашниот играч на Ливерпул.
Светската автомобилистичка асоцијација ќе го следи внимателно тимот на Мекларен на претстојната трка за Голема награда на Катар во Формула откако двајцата возачи на Британците беа дисквалификувани на претходниот собир во Лас Вегас. Тогаш Ландо Норис и Оскар Пјастре останаа без бодови откако беше утврдено дека плочите на суспензијата на нивните болиди се истрошени над дозволените граници. ФИА веројатно поучена од тој случај, најави дека ќе има посебни контроли на болидите пред викендот што доаѓа.
