Индијана објави дека потпиша двонасочен договор со кошаркарот, Итан Томпсон и дека се ослободи од плејмејкерот РејЏеј Денис.
Томпсон ќе може да игра максимални 38 натпревари според условите на неговиот двонасочен договор. 26-годишникот постигна импресивна статистика во Г-лигата со просек од 26,9 поени, 5,8 скока и 6,5 асистенции.
РејЏеј Денис во сезонава одигра 13 натпревари за Индијана, со просек од 4,9 поени и 2 асистенции.

