Поранешниот играч на Ливерпул, Стив Мекманаман, одговори на прашањето дали е можна оставка на менаџерот Арне Слот откако „црвените“ влегоа во лоша серија и загубија дома од ПСВ во Лигата на шампионите.
„Прерано е да се постави тоа прашање. За да се случи тоа, ќе треба да бидеме елиминирани од Лигата на шампионите и да се наоѓаме на дното од табелата во Премиер лигата .“ – рече Мекманаман.
„Ливерпул ќе игра против Арсенал во втората недела од јануари – тогаш треба да се постави прашањето“ – рече некогашниот играч на Ливерпул.

