Антонио Конте по минималната победа на гостувањето кај Рома во дербито на Серија „А“ , изјави, дека неговите фудбалери сосема заслужено ги освоија бодовите.
„Рома беше пред нас на табелата. Задоволен сум бидејќи видов настап со карактер. Многу сум среќен. Се надевам дека играчите што ги имам сега ќе останат здрави“ – рече тренерот на Наполи.
„Играчите го докажуваат ентузијазмот и решителноста. Ќе направиме сè што можеме за да го одбраниме Скудетото“ – беа зборовите на Конте.

