НБА го казни Кливленд со 250.000 долари бидејќи неправилно го регулирал учеството на плејмејкерот, Дариус Гарланд во два ноемвриски меча. Според правилата, Гарланд, како „ѕвезден“ играч, мора да биде достапен за натпреварите што се емитуваат на националната телевизија. Тоа е втор пат во сезонава Кливленд да биде казнет за кршење на политиката за учество на играчите.
Author: dino
Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин, не успеа го заврши мечот против Филаделфија откако кон крајот на втората четвртина се повлече во соблекувалната. Потоа беше објавено дека нема да се врати на теренот поради повреда на десното стапало кое му беше имобилизирано. „Вориорси“ кои имаат проблеми со повеќе повредени кошаркари, загубија на шест од последните осум натпревари.
Тренерот на фудбалерите на Милан, Масимилијано Алегри, ќе пропушти само еден натпревар поради црвениот картон заработен на натпревар против Лацио во Серија А. Тој дополнително е казнет и со 10.000 евра бидејќи жестоко реагираше на одлуката на главниот судија околу ситуацијата со ВАР и евентуален пенал за противникот. Суспензијата се однесува само за шампионатот на Италија што значи Алегри ќе може да седи на клупата за Куп мечот со Лацио.
Спортскиот директор на фудбалскиот состав Интер, Пјер Аусилио, потенцираше дека „нероаѕурите“ нема да ангажираат нови играчи во зимскиот преоден рок и дека ќе почекаат до наредното лето. „Можеби ќе ни биде тешко да најдеме можности за нови играчи во јануари бидејќи играме на секои три дена и немаме време да ги интегрираме“ – рече Аусилио. „Годините ни покажаа како да дејствуваме на пазарот. Сè повеќе сме убедени дека одредени работи треба да се направат на лето“ – објасни како размислува Аусилио.
Напаѓачот на фудбласкиот состав Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, вчера на мечот со Фулам успеа да го забележи 100-от гол во Премиер-лигата. „Мислам дека луѓето што го гледаа натпреварот дома уживаа во него. Беше луд натпревар, девет голови се многу“ – рече Норвежанецот по триумфот со 5:4. „Постигнувањето 100 гола во Премиер лигата е фантастично и навистина сум горд. Секако дека е огромно достигнување“ – беа зборовите на Халанд
Фудбалерот на Челзи, Марк Кукурела, откри дека сакал да им се приклучи на „граѓаните“ пред да се пресели на Стемфорд Бриџ но, трансферот пропаднал. „Манчестер Сити сакаше да ме ангажира. Тимот беше во одлична форма, еден од најдобрите во светот“ – рече Кукуреља. „Кога Гвардиола ќе побара, ќе клекнете на колена доколку е потребно. Сепак, клубовите не можеа да постигнат договор“ – изјави Шпанецот.
Арвид Линдблад ќе го има дебито во Формула 1 со Рејсинг Бул во 2026 година .Младиот возач се определи да го користи бројот 41 на неговиот болид. Линдблад годинава учествуваше на две слободни тренинг сесии со Ред Бул – во Силверстон и во Мексико, како замена заЈуки Цунода и Макс Верстапен. Тој на двете патеки го користеше бројот 36. Линдблад во наредниот шампионат ќе биде единствениот почетник и најмладиот возач во поставата.
Монако е во завршна фаза во преговорите со канадскиот плејмејкер, Кори Џозеф, кој нема клуб. 34-годишниот кошаркар во изминатите 14 сезони играше за Сан Антонио, Торонто, Индијана, Сакраменто, Детроит, Голден Стејт и Орландо. Тој откако му истече договорот со „Меџик“ не успеа да обезбеди место во ниту еден состав од НБА лигата.
Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс, постави нов рекорд во кариерата за реализирани кошеви во НБА лигата. Тој на мечот против Њу Орлеанс, забележа 44 поени, 5 скока и 4 асистенции и 3 изгубени топки. Едвардс погоди 16 од 30 шута од поле, 6 од 13 од линијата за тројка и 6 од 8 од слободни фрлања. Само во второто полувреме постигна 34 поени.
Купер Флег од Далас и Кон Нипел од Шарлот се прогласени за дебитанти на месец октомври и ноември во Западната и Источната конференција на НБА лигата. Двајцата кошаркари настапуваа за истиот универзитет, Дјук. Флег во 20 натпревари во октомври и ноември, имаше просек од 16,7 поени, 6,6 скока и 3,5 асистенции по натпревар. Нипел имаше просек од 18,4 поени и 5,7 скока по натпревар што беше доволно да ја добие наградата.
