НБА го казни Кливленд со 250.000 долари бидејќи неправилно го регулирал учеството на плејмејкерот, Дариус Гарланд во два ноемвриски меча.
Според правилата, Гарланд, како „ѕвезден“ играч, мора да биде достапен за натпреварите што се емитуваат на националната телевизија.
Тоа е втор пат во сезонава Кливленд да биде казнет за кршење на политиката за учество на играчите.

