Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, беше разочаран откако загуби од Олимпик Марсеј во Лигата на шампионите.
„Натпреварот започна толку добро, направивме навистина позитивен чекор напред во начинот на кој пристапивме. Бевме закана во транзицијата, притискавме навистина добро во првото полувреме. Лошо е кога ќе загубиш на таков начин“ – рече Хау.
Англискиот состав иако загуби во Франција има реална шанса да прогресира во наредната фаза во Лигата на шампионите.

