Менаџерот на Интер, Џузепе Марота, го бранеше првиот голман Јан Зомер, кој доби критики по слабите настапи на неколку дерби мечеви во Серија „А“.
„ Дури и одличните голмани добиваат критики. Кога голманот ќе направи грешка, тоа често носи гол. Кога играчот од средниот ред ќе направи грешка, тоа веројатно го корегира одбраната“ – рече Марота.
Реакцијата на Марота доаѓа откако Швајцарецот во изминатите денови доби лавина на критики преку социјалните мрежи.

