Играчот на Питсбург, Сидни Крозби, направи уште еден чекор кон рекордот на Марио Лемие по бројот на освоени поени во Националната хокеарска лига на САД и Канада.
Тој сега заостанува само седум голови или асистенции во однос на легендата откако постигна два гола во победата против Филаделфија.
38-годишниот Канаѓанец досега забележа вкупно 1.716 поени во кариерата.

