Фудбалерот на Милан, Кристијан Пулишич, веројатно ќе го пропушти мечот со Лацио во Купот на Италија но, ќе се врати на теренот за дуелот со Торино закажан в понеделник.
Интернационалецот од САД кој се соочува со повреда на мускулот, од денеска треба да се врати во тренинг процес.
„Газета дело Спорт“, предвидува дека крилниот напаѓач нема да игра против „римските орли“ но, ќе биде на списокот за мечот со Торино.

