Ѕвездата на Филаделфија, Џоел Ембид, одигра цел натпревар против Атланта и тоа за прв пат по пауза од три недели.
„Мислам дека првото полувреме помина добро. Само два тренинга за еден месец а потоа полн товар, напад и одбрана. Не е лесна задача“ – рече Ембид.
„Најважно за мене беше како се движев, скокав и слично“ – потенцираше 31-годишниот НБА центар.

