За време на меѓусезоната, клубовите од Евролигата беа заинтересирани за 30-годишниот американски плејмејкер Монте Морис, но тој одлучи да се фокусира на обидот да остане во НБА.
Кошаркарот одигра шест натпревари за Индијана во ноември (3 поени, 1,2 скока, 1,5 асистенции за 10,6 минути), но на крајот не доби договор.
Затоа Олимпијакос му достави нова понуда на Американецот кој треба да биде замена за повредениот Кeнан Еванс.

