Кошаркарот на Партизан, Џонс, нема да може да им помогне на „црно-белите“ до средината на јануари, наведуваат дел од медиумите. Тој е надвор од терените од крајот на октомври поради скршено стапало. Бекот во пет натпревари од Евролигата имаше просек од 11,4 поени, 2,6 скока и 5,2 асистенции. „Повредата многу ме врати назад , сепак се помирив со тоа. Се обидувам да ги поддржам моите соиграчи“ – рече Џонс.
Author: dino
Кошаркарот на Лос Анџелес, Маркус Смарт, проговори за состанок на „езерџиите“ на кој се дискутирало за играта во дефанзивата. „Разбираме дека тоа нè става во ранлива позиција. Извештајот за нас е кристално јасен: практично не нудиме одбрана“ – вели Смарт. „Ако сакаме да бидеме одличен тим и да го постигнеме зацртаното, тогаш одбраната има суштинско значење“ – потенцираше Смарт.
Центарот на Атланта Хокс, Кристапс Порзингис, ќе отсуствува најмалку две недели поради болест. Наскоро ќе биде подложен на дополнителни тестови. Порзингис пропушти седум од осум натпревари. 30-годишникот во сезонава настапи на 13 средби со просек од 19,2 поени, 5,6 скока и 3,1 асистенции.
Во првиот дел од Зимското национално првенство поставени се 3 нови национални рекорди. Пливачот на ПК Вардар 2018,Петар Цеков во дисциплината 1500м слободно постави нов Младински и Сениорски рекорд со време 15:35.39. Членот на ПВК Орион, Дамјан Станковски постави нов рекорд во дисциплината 50м градно категорија Постари пионери со време 30.53.
МВР објави дека доцна синоќа бил приведен навивач од Словачка а на 10 други не им бил дозволен влез во Македонија поради агресивно и недолично однесување во авион и по слетувањето во Скопје. Повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот. Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го привеле Л.Т.(38) од Словачка.
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, се осврна на реакциите на навивачите на „Сантијаго Бернабе“ по поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите. „Разбирам зошто нѐ исвиркуваат, луѓето плаќаат многу пари за да нѐ гледаат. А ние играме за најдобриот клуб во светот“ – рече Англичанецот во интервју за „CBS Sports“. „Кралевите“ и покрај поразот на домашен терен имаат реални шанси да бидат во топ 8 во лигата на шампионите и да го прескокнат првото елиминациско коло.
Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дрејмон Грин, се налути на еден навивач кој го обвини главниот тренер, Стив Кер, за некомпетентност во последните сезони. „Замолчи. Навивачите не освоија ништо сè додека Стив не им донесе победи. Зачувај ги тие глупости за други. Вистинските навивачи се справуваа со некомпетентност со години пред Кер“ – напиша Грин на социјалните мрежи. Кер е главен тренер на Вориорс од 2014 година и на таа позиција има освоено четири шампионски титули.
Главниот тренер на Оклахома, Марк Дејгнолт, зборуваше за серијата од 16 победи. Неговиот тим е само вториот во историјата на НБА кој ја започнал сезоната со 24 победи и 1 пораз. „Не треба да се ограничувате на победничка серија. Само треба да играте кошарка, да бидете подобри секој ден, да победувате во секоја четвртина и да се натпреварувате“ – рече Дејгнолт. „Тимот сигурно треба да запомни дека сè уште имаме многу простор за подобрување. Имаме работа и нè очекуваат предизвици“ – рече тренерот на Оклахома.
Швајцарската сноубордерка, Беренис Вики, ќе ги пропушти Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо во 2026 година откако по втор пат ги скина предните вкрстени лигаменти на левиот зглоб. Таа заврши на седмото место во дисциплината халфпајп на Олимпијадата во Пекинг во 2022 година. 23-годишната Вики ќе биде подложена на операција по што ќе ја заврши сезоната, соопшти Швајцарската скијачка федерација.
Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, верува дека очекувањата на навивачите се проблем за Арсенал. „Не знам дали Арсенал може да се справи со притисокот. Отсекогаш ми се допаѓал Артета како играч и знам дека е одличен тренер.“- рече Евра. „Проблемот се навивачите на Арсенал. Тие само треба да се смират, Сепак, мислам дека на Арсенал му недостасува победнички менталитет“ – изјави некогашниот фудбалер.
