Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дрејмон Грин, се налути на еден навивач кој го обвини главниот тренер, Стив Кер, за некомпетентност во последните сезони.
„Замолчи. Навивачите не освоија ништо сè додека Стив не им донесе победи. Зачувај ги тие глупости за други. Вистинските навивачи се справуваа со некомпетентност со години пред Кер“ – напиша Грин на социјалните мрежи.
Кер е главен тренер на Вориорс од 2014 година и на таа позиција има освоено четири шампионски титули.

