Кошаркарот на Лос Анџелес, Маркус Смарт, проговори за состанок на „езерџиите“ на кој се дискутирало за играта во дефанзивата.
„Разбираме дека тоа нè става во ранлива позиција. Извештајот за нас е кристално јасен: практично не нудиме одбрана“ – вели Смарт.
„Ако сакаме да бидеме одличен тим и да го постигнеме зацртаното, тогаш одбраната има суштинско значење“ – потенцираше Смарт.

