Главниот тренер на фудбалерите на Рома, Џан Пјеро Гасперини, позитивно ја оцени вчерашната минимална победа против Комо во меч од 15-то коло во Серија А.
„Секој тим се обидуваше да победи. Мислам дека беше најдобриот домашен натпревар што го одигравме во сезонава, затоа ми е мило што навивачите можеа да уживаат“ – рече Гасперини.
„Во последниве неколку недели започнавме да создаваме многу повеќе шанси. Денеска бевме многу поопасни а победата можеше да биде поубедлива“ – рече Гасперини.

