Кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама, проговори за стил на игра на неговата екипа која обезбеди победа против Оклахома Сити во полуфиналето на НБА Купот.
„Во модерната кошарка, гледаме многу стилови кои не нудат многу разновидност. Многу изолации. Понекогаш е малку наметнато“ – рече центарот.
„Се обидуваме да понудиме стил на игра кој понекогаш може да се гледа како малку старомоден“ – рече Французинот.

