Кошаркарот на Анадолу Ефес, Џордан Лојд, поради болест не се појави на мечот од 18-то коло на Евролигата против францускиот Вилербан.
Тоа беше дополнителeн проблем за тренерот, Пабло Ласо, кој се соочува со многу повредени играчи во ростерот. На списокот се лидерот на екипата, Шеј Ларкин, центарот Георгиос Папајанис, бекот П.Џ. Дозер и младиот поентер Бурак Јилдизли.
Во таква ситуација турскиот тим можеби и очекувано загуби на вчерашното гостување кај Лион Вилербан.

