Author: dino

Aлександар Коларов кој е дел од стручниот штаб на Интер, проговори пред новинарите по вчерашната победа против Болоња во 18-то коло во Серија „А“. Тој на пресот го замени КИву кој имал проблеми со гласот. „Господинот (Киву) виде дека на натпреварот во Ријад создадовме многу шанси но, малку реализиравме во второто полувреме. Тој сакаше работите вечерва да бидат поразлични и тимот играше добро од првата минута.“ – рече Коларов. „Интер беше блиску до титулата во изминатата година. Работевме многу и тимот напредува. Ние сме на врвот на табелата но, сè уште има многу работа“ – рече помошникот на Киву.

Read More
NBA

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, постигна 26 поени и имаше 10 асистенции во победата против Мемфис во меч одигран во НБА лигата. Тој ефект му овозможи на 41-годишниот ветеран да го зголеми вкупниот број асистенции во кариерата на 13.793, искачувајќи се на второто место на сите времиња. Тој го помина Крис Пол (13.785). Легендата на Јута, Џон Стоктон, го држи рекордот со 17.645. Џејмс е четврти по број на асистенции во регуларната сезона.

Read More
NBA

Кошаркарот на Феникс, Дилон Брукс, ја потенцираше клучната промена што му овозможи на неговиот тим да ја совлада Оклахома во меч од НБА лигата откако на претходни две средби претрпе порази. „Ги променивме нашите формации и стратегии. Претходно игравме против нив двапати. Го променивме нашиот план на игра и тоа функционираше. Во првите два натпревари, им дозволивме да прават што сакаат“ – рече Брукс. „Ги разгледавме натпреварите што ги губеа. Затоа ги прилагодивме нашите одбранбени позиции и ги ограничивме тројките и шутевите кон кошот“ – рече кошаркарот на Феникс.

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по вчерашното реми со Челзи во дербито на Премиер-лигата, изјави, дека е задоволен од играта на неговите избраници. „Не се согласувам дека ја изгубивме контролата. Тие постигнаа гол и затоа го анализирате резултатот. Секако дека го забрзаа темпото, беа далеку поинтензивни во нивниот пресинг и имаа шанси“ – рече Шпанецот. „Немаат млади играчи таму туку врвни. Значи, да се има контрола 90 минути против таков тим е исклучително тешко“ – рече тренерот на „граѓаните“.

Read More

Алваро Мората, фудбалерот на италијанскиот состав Комо, се осврна на годината што помина. Тој им се обрати на фановите. „Беше тешка година лично и професионално, една од оние што ве потресуваат и ве тераат да се гледате себеси однадвор. Година во која научив да не дозволувам туѓите мислења да ми прават притисок“ – вели напаѓачот. „Разбрав дека не морам ништо да докажувам на никого. Тие што се покрај мене навистина ме разбираат и го знаат тоа“  – напиша напаѓачот на социјалните мрежи.

Read More

Екипата на Рома веројатно ќе го ангажира  Џакомо Распадори, кој ја нема посакуваната улога во екипата на Атлетико Мадрид. Поранешниот фудбалер на Наполи веројатно ќе се врати во елитата на Италија, најавуваат дел од медиумите. Рома веднаш ќе плати 2 милиони евра а опцијата за откуп на неговиот договор ќе биде околу 19 милиони.Распадори наводно, се согласил на трансфер во редовите на „волчицата“ која се бори за место во Лигата на шампионите.

Read More

Фудбалерите на Манчестер Сити вчера одиграа без голови на гостувањето кај Сандерленд а нивниот тренер, Пеп Гвардиола, жали за пропуштените шанси. „Во првиот дел не одигравме според договореното, не создадовме шанси како што очекувавме. Во второто полувреме нашата игра се подобри“ – рече Шпанецот.„Фудбалерите покажаа поголема желба за победа но, не успеавме да постигнеме гол. Играчите мора брзо да го заборават мечот и да започнат да мислат на дуелот со Челзи“ – нагласи Гвардиола.

Read More

Луѓето од Манчестер Јунајтед размислуваат за трансфер на фудбалерот на Кристал Палас, Жан-Филип Матета, уште во зимскиот преоден рок. Неговиот договор со „орлите“ е активен до летото во 2027 година но, во истиот има одредена клузула која му дозволува и порано да го напушти клубот. Французинот се активираше во Кристал Палас од 2022-ра. 28-годишниот напаѓач во сезонава има 28 настапи во сите конкуренции со ефект од 8 голови и 2 асистенции.

Read More

Фудбалерот на Бенфика, Николас Отаменди, испрати порака на првиот ден од годината. Тој  има помалку од шест месеци до истекот на договорот со „Орлите“. „Добредојде 2026 година. Нема ништо подобро од тоа да ја започнете годината опкружени со вашите најблиски, со соништа што треба да се остварат и нови поглавја што треба да се напишат“, беше текстот објавен од 37-годишниот аргентински централен дефанзивец. Португалскиот состав најави дека нема да ја продолжи соработката со Отаменди. Тоа значи дека може да преговара со други клубови.

Read More

Кошаркарот на Башахшехир, Малачи Флин, може да добие турски пасош и да се вклучи во репрезентацијата за квалификациските мечеви во февруари и март. 27-годишниот играч од САД игра на позицијата плејмејкер и сигурно ќе биде големо засилување за четата предводена од селекторот, Ергин Атаман. Тој има искуство од НБА лигата бидејќи настапуваше за Њујорк Никс, Детроит Пистонс и Шарлот Хорнетс.

Read More