Фудбалерите на Манчестер Сити вчера одиграа без голови на гостувањето кај Сандерленд а нивниот тренер, Пеп Гвардиола, жали за пропуштените шанси.
„Во првиот дел не одигравме според договореното, не создадовме шанси како што очекувавме. Во второто полувреме нашата игра се подобри“ – рече Шпанецот.
„Фудбалерите покажаа поголема желба за победа но, не успеавме да постигнеме гол. Играчите мора брзо да го заборават мечот и да започнат да мислат на дуелот со Челзи“ – нагласи Гвардиола.

