Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, по ремито на теренот на Фулам, вели дека неговиот тим многу често прима голови во завршните моменти на натпреварите.
„Тоа ни се случува со месеци. Единствената шанса што ја има противникот ја претвора во гол. Главно тоа се случува во завршницата“ – рече тренерот на „црвените“.
„Со еден напаѓач против Фулам не знам дали можете да очекувате од нас да создаваме шанси. Мислам дека имавме доволно“ – беа зборовите на Слот.

