Кошаркарскиот експерт, Кендрик Перкинс, ги нарече Кавалирс големо разочарување во сезонава во НБА. „Тие станаа најголемото разочарување во Источната конференција.Тие немаат желба за победа. Тоа е тим со големи плати и даноци кој треба да се стреми кон пехарот“ – рече Перкинс. „Гледате луѓе како плачат откако ќе освојат шампионат – сè е поради часовите сон што ги изгубиле. Кога го гледам Кливленд, не ја гледам таа дива желба за победа“ – рече Перкинс.
Author: dino
Џарен Џексон ја коментираше изјавата на познатиот агент Рич Пол кој предложи Лос Анџелес Лејкерс да го заменат Остин Ривс. „Во почетокот мислев дека не може да биде вистина. Требаше да го проверам иако не сум толку технолошки вешт како некои помлади луѓе. Се обидував да разберам дали е вештачка интелигенција или длабоки лаги.“ – рече Џексон. „Тоа е повеќе или помалку што помислив кога ја слушнав приказната и навистина не реагирав“ – призна Џексон.
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, на крајот на сезоната без обештетување ќе замине во составот на Хартс иако „црвено-црните“ неодамна објавија дека одбиле 350.000 евра и дека бараат 1,5 милиони за негов трансфер. „Воодушевени сме што можеме да објавиме дека постигнавме договор со репрезентативецот на Уганда, Роџерс Мато, да стане играч на Хартс следното лето. 22-годишниот фудбалер ќе се приклучи на нашиот клуб во јули“ – објави Хартс. Одличниот напаѓач со новиот клуб ќе потпише договор за три години.
Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, по вчерашното реми со Наполи во Серија „А“, рече дека видел два силни тима кои направија сè за да победат. „Наполи заслужува честитки што никогаш не се откажа и продолжи да се бори до крај за да израмни, па дури и да се обиде да победи“ – рече Киву. „Се обидовме да го наметнеме нашиот фудбал иако имавме силен противник кој ни предизвика проблеми“ – рече тренерот на „нероаѕурите“.
Американскиот кошаркар, Тајрик Џонсон, кој деновиве го напушти Партизан и го облече дресот на Олимпијакос, имаше одлично деби во грчкото првенство. „Среќен сум што повторно играм. Тука сум само неколку дена но, се чувствувам среќен. Ситуацијата со трансферот беше компликувана“ – рече Џонсон. „Тоа е сега минато и дојдов на подобро место. Тука сум да му помогнам на тимот да ја освои титулата во Евро-лигата“ – рече центарот.
Напаѓачот на Вашингтон, Александар Овечкин, постигна гол и асистенција на мечот против Нешвил во натпревар од НХЛ. Тој го отвори резултатот со што успеа да стигне до најмалку 20 гола во секоја сезона во лигата. Тековнава му е 21-ва.Тој се искачи на второто место по тој индикатор заостанувајќи само една сезона зад лидерот Горди Хау.
Обложувалниците ги ажурираа квотите за најдобриот стрелец во Премиер лигата за сезоната 2025/26. Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, останува главен фаворит со 20 голови. На второто место сега е ставен Игор Тијаго. Напаѓачот на Брентфорд не беше воопшто на листата пред сезоната но, со неговите 16 погодоци сега работите се променија. Како трет фаворит за наградата најдобар стрелец во Премиер-лигата се издвојува Антоан Семењо кој деновиве се пресели од Борнмут во Манчестер Сити.
Мајкл Карик треба да биде назначен за времен менаџер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед откако преговорите влегле во завршна фаза, најавија дел од медиумите во Англија. Поранешниот играч од средниот ред кој сега има 44 години, беше со таква улога во Јунајтед од ноември до декември во 2021 година.Спортскиот директор на „црвените ѓаволи“, Џејсон Вилкокс, тврди дека одлуката ќе биде донесена набрзо.
Тренерот на фудбалерите на Милан, Масимилијано Алегри, не го криеше разочарувањето по вчерашното реми на домашен терен со Џенова во меч од Серија „А“. „Мора да ги гледаме позитивните страни, ние имавме две или три добри шанси но, потоа примивме гол. Тоа беше лекција за зрелост што треба да ја научиме“ – нагласи тренерот на „росонерите“. „Не можете да очекувате еден натпревар да го реши проблемот. Одигравме многу неповрзано и брзоплето во одредени ситуации“ – рече Алегри.
Екипата на Рома во обид да се засили во текот на јануарскиот преоден рок ќе испрати понуда до фудбалерот на Борусија Дортмунд, Фабио Силва. Португалецот кој во текот на летото му се приклучи на тимот од Бундес-лигата не ја добива посакуваната минутажа. Медиумите наведуваат дека „милионерите“ немаат намера да се разделат со Силва додека трае сезоната.
