Обложувалниците ги ажурираа квотите за најдобриот стрелец во Премиер лигата за сезоната 2025/26. Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, останува главен фаворит со 20 голови.
На второто место сега е ставен Игор Тијаго. Напаѓачот на Брентфорд не беше воопшто на листата пред сезоната но, со неговите 16 погодоци сега работите се променија.
Како трет фаворит за наградата најдобар стрелец во Премиер-лигата се издвојува Антоан Семењо кој деновиве се пресели од Борнмут во Манчестер Сити.

