Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, по вчерашното реми со Наполи во Серија „А“, рече дека видел два силни тима кои направија сè за да победат.
„Наполи заслужува честитки што никогаш не се откажа и продолжи да се бори до крај за да израмни, па дури и да се обиде да победи“ – рече Киву.
„Се обидовме да го наметнеме нашиот фудбал иако имавме силен противник кој ни предизвика проблеми“ – рече тренерот на „нероаѕурите“.

