Американскиот кошаркар, Тајрик Џонсон, кој деновиве го напушти Партизан и го облече дресот на Олимпијакос, имаше одлично деби во грчкото првенство.
„Среќен сум што повторно играм. Тука сум само неколку дена но, се чувствувам среќен. Ситуацијата со трансферот беше компликувана“ – рече Џонсон.
„Тоа е сега минато и дојдов на подобро место. Тука сум да му помогнам на тимот да ја освои титулата во Евро-лигата“ – рече центарот.

