Екипата на Наполи размислува да се вклучи во трката за потписот на фудбалерот на Ливерпул, Федерико Киеза, објавија денеска медиумите во Италија.
Шампионот на „Чизмата“ сака да го ангажира напаѓачот на позајмица до крајот на сезоната иако „црвените“, инсистираат на перманентен трансфер.
Деновиве се појави вест дека 28-годишниот фудбалер влегува и во радарот на Јувентус кој е расположен да ги исполни сите услови.

