Нашето репрезентативно крило, Никола Костески, пред утрешниот меч со Данска, се насочи кон настаните што не очекуваат на Европското првенство.
„Имаме тешка група, првиот меч ни е со Данска а најзначајниот дел ќе ни бидат дуелите со Португалија и Романија. Сакаме да ја пројдеме групата и мислам дека нашиот тим знае како да игра проти тешки ривали“ – рече Костески.
„Не смееме да се откажеме и мора да се покажеме во најдобро светло. Треба да покажеме што знаеме и со Данска како увертира за мечевите со Португалија и Романија“ – изјави Костески.

