Медиумите во САД наведуваат дека ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе го пропушти претстојниот натпревар против Портланд закажан во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата.
Познато е дека интренационалецот од Словенија се соочи со повреда на препоните уште пред мечот со Сакраменто одигран на 13-ти јануари.
26-годишниот поентер досега одигра 32 натпревари во сезоната со просек од 33,6 поени, 7,7 скока и 8,7 асистенции.

