Фудбалерот на Брентфорд, Игор Тиаго, призна дека сака да го исполни детскиот сон и да игра за Бразил.
„Тоа е неверојатно возбудливо чувство. Навистина се надевам дека ќе бидам дел од Светското првенство во 2026 година. Отсекогаш сонував да играм на ваков форум“ – рече напаѓачот.
„ Го гледав само на телевизија, но сега сум блиску до тоа самиот да го доживеам. Бог има план за животот на секој човек. Ако тоа е Божја волја тогаш претставувањето на мојата земја ќе биде задоволство и чест“ – изјави Тиаго.

