Тренерот на фудбалерите на Милан, Масимилијано Алегри, по триумфот против Лече, вели дека „росонерите“ се на половина пат до пласман во Лигата на шампионите.
„Лече одеше длабоко и ни требаа повеќе трчања за да го избегнеме нивниот офсајд. Кога сме меѓу првите четири, тогаш можам да гледам подалеку“ – рече Алегри.
„Станува збор за математика. Треба да извадиме просек од два бода по натпревар и да дојдеме до целта“ – беа зборовите на тренерот на Милан.

