Кошаркарот на Апоел Тел Авив, Колин Малколм, не крие дека е задоволен по триумфот против Анадолу Ефес во вчерашниот меч од Евро-лигата.
„Многу сум горд на тимот што успеа да надмине двоцифрена предност на полувреме. Тоа покажува карактер. Мора да се фокусирате на одбраната и да вложите многу енергија“ – рече црномурестиот играч во израелскиот состав.
„Направивме неколку одлични работи во одбраната и немаше паника во нашиот тим“ – рече Малком по големата победа против Ефес.

