Македонија на крајот ќе заврши на 14-тото место на контиентналниот собир со ефект од една победа едно реми и еден пораз. Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, е задоволен од настапот на нашите ракометари.
„Дојдовме како аутсајдери според сите официјални статистики. Докажавме дека можеме во силна група покрај светскиот и олимпискиот шампион Данска како и Португалија која заврши четврта на последното светско првенство“ – изјави Стефанов.
„Ова е една успешна претстава, одиграно машки, храбро, борбено. Дојдовме до важна победа и треба да сме задоволни и како федерација и како национален тим и како држава“ – заврши Стефанов.

