Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, призна дека неговите избраници заслужено загубија вчера од Арсенал во меч од 7-то коло во Лигата на шампионите.
„Арсенал беше поинтензивен, потехнички и побрз. Се обидовме да останеме во игра. Во првото полувреме игравме добро а со резултат 1-1 можевме да постигнеме уште еден гол“ – вели Романецот.
„Немавме среќа со голот по корнер, кога топката се одби од пречката. Во второто полувреме, Арсенал беше фокусиран и играше многу дефанзивно“ – нагласи тренерот на „нероаѕурите“.

