Капитенот на нашата ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, е трет стрелец во групниот дел на Европскиот шампионат во Данска, Шведска и Норвешка.
Тој има 28 голови или само еден помалку од Кико Кошта (Португалија) и Грузиецот, Цовребадзе . Популарниот „фитиљ“ е најдобар изведувач на ударите од седум метри во првата фаза..
Нашиот бек e во друштво на неколку играчи со 12 успешно изведени пенали но, е единствениот што нема промашување.

