Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се осврна на вчерашниот пораз кај норвешкиот Бодо во рамките на седмото коло во Лигата на шампионите.
„Знам колку е добар противникот, минатата сезона играа во полуфиналето на Лигата на Европа. Игравме без неколку значајни фудбалери и немавме стабилност“ – рече Гвардиола.
„Не се согласувам дека играчите дејствуваа расеано. Ги немавме Доку, Савињо и други типични крилни играчи. Бодо е добро организиран“- потенцираше тренерот на „граѓаните“.

