Голманот на селекцијата на Хрватска, Доминик Кузмановиќ, признава дека Шведска одигра одличен меч и сосема заслужено ги совлада „коцкестите“ во битката за првото место на табелата.
„На полувремето резултатот беше минус четири и очекувавме да се вратиме во играта но, тргна наопаку. Мислам дека направивме многу грешки како почетници затоа што во тој период кога изгубивме еден, двајца играчи, не бевме тимот што сакавме да бидеме“ – рече Кузмановиќ.
Хрватите и покрај поразот продолжуваат во главната фаза но, имаат намалени шанси да се вклучат во трката за место во полуфиналето.

