ЖРК Вардар по вчерашното прво зимско засилување, Таида Беровиќ, денеска ги ангажираше и Ања и Мила Лашкоски, репрезентативки со извонреден талент и потенцијал.
Ања настапи на кадетското и младинското Европско првенство. Станува збор за лево крило кое игра во двете насоки и одлично реализира пенали. Мила игра на позицијата пикер.
Двете се на седумнаесет годишна возраст и поседуваат голем ракометен потенцијал, објави ЖРК Вардар на социјалните мрежи.


