Поранешниот сопственик на Далас , Марк Кјубан, заедно со група инвеститори, може да биде вклучен во откупот на тимот од семејството Аделсон. Тој во 2023 година го продаде неговиот дел за 3,5 милијарди долари. Миријам Аделсон, заедно со Сиван и Патрик Думон, синот и снаата на Аделсон, станаа новите сопственици на НБА тимот. Пред една година, Маверикс ја продадоа супер-ѕвездата Лука Дончиќ во Лејкерси предизвикувајќи исклучително негативна реакција од навивачите.
Author: dino
Македонската ракометна репрезентација напредуваше за четири позиции на новата ранкинг листа на Европската федерација. Нашиот национален тим е на 15. место a веднаш зад нас се Србија, Фарски Острови, Чешка, Полска и Италија. Новиот европски шампион, Данска, е лидер на листата пред Франција и Германија. Место во првите десет имаат и Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка и Словенија. Од 11-то до 14 место се ставени Шпанија, Холандија, Швајцарија и Австрија.
Македонските спортисти кои ја преставуваат нашата земја на ЗОИ во Кортина/Милано веќе се подготвуваат за своите први настапи. Ставре Јада ќе биде првиот наш натпреварувач кој ќе го има својот настап утре во 9.55 часот во Крос Кантри спринт трката и очекуваме да го направи својот најдобар резултат. Според зборовите на заменик шефот на нашата олимпписка делегација на ЗОИ во Кортина/Милано, Петар Спасеновски, сите наши спортисти се добро и одлично се чувствуваат пред нивните настапи: „Можам да кажам дека сите наши спортисти се подготвени за своите настапи и дека максимално ги одработија последните тренинзи, ние сме во постојана комуникација со…
Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, сосема очекувано прогресираше на новата ВТА-листа објавена денеска. Таа по добрите настапи на турнирите во Португалија скокна 12 позиции на светската листа и сега го држи 182 место. Ѓорческа откако ја реализираше планираната програма на Пиринеите, сега ќе се насочи кон турнирите во Франција.
Од 6–8 февруари 2026 година во Истанбул, Турција, успешно беше одржан карате семинар под водство на Венцислав и Дејан Недев. Семинарот беше наменет за судии, тренери и каратисти, при што беа презентирани борбени техники, кати, како и ИТКФ натпреварувачки правила за судии. Венцислав и Дејан Недев беа наградени со посебни признанија за нивниот придонес и развој на традиционалното карате во Турција.
Поранешниот НБА играч Крис Вебер ја пофали Индијана за потпишувањето на договорот со центарот, Ивица Зубац. „Зубац, според мене, е еден од најпотценетите играчи во НБА затоа што едноставно си ја врши работата. Добро игра пик-ен-рол, ги вклучува соиграчите, може силно да заврши со забивање и ефикасен e околу кошот“, рече Вебер. Хрватскиот кошаркар во сезонава има просек од 14,4 поени, 11 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Центарот на Хјустон, Алперен Шенгун, ќе биде дел од светскиот состав на ѕвездите на НБА за 2026 година. Турскиот кошаркар ќе го замени повредениот бек на Оклахома Сити, Шеј Гилџус Александар а одлуката ја донесе комесарот на лигата, Адам Силвер. Шенгун во сезонава одигра 44 натпревари, со просек од 20,8 поени, 9,5 скока и 6,3 асистенции.
Манчестер Јунајтед ќе влезе во трката за потписот на фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали, наведува денеска – „Телеграф“. Во текстот се потенцира дека „црвените ѓаволи“ сакаат да го ангажираат Италијанецот како замена за Бразилецот, Касемиро кој ќе го напушти стадионот – „Олд Трафорд“ на крајот од сезоната. Претходно се појави веста дека за Тонали се заинтересирани и составите на Арсенал и на Манчестер Сити.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, се осврна на викенд-победата на теренот на Ливерпул во дерби дуелот на Премиер-лигата на Англија. „Нерешено тука е обично добар резултат за повеќето тимови но, сакавме да го постигнеме победничкиот гол. Кога постигнав гол, бев среќен но знаев дека морам да се вложам повеќе“ – рече Силва. „Мислам дека целиот тим знаеше дека ако го изгубиме овој натпревар, трката за пехарот ќе заврши. Ќе се бориме до самиот крај“ – рече Силва.
Екипата на Сиетл ја освои својата втора титула во Националната фудбалска лига (НФЛ) откако во текот на ноќта го победи составот на Њу Ингланд Патриотс со 29-13 на теренот во Сан Франциско. Одличната одбрана на Сиетл практично го донесе новиот шампион. Ранинг бекот, Кенет Вокер, сосема очекувано беше прогласен и за најкорисен играч на „Супербол LX“. Тој стана првиот на таа позиција што ја освои наградата за најкорисен играч во големото финале по Тарел Дејвис во 1998 година.
