Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, сосема очекувано прогресираше на новата ВТА-листа објавена денеска.
Таа по добрите настапи на турнирите во Португалија скокна 12 позиции на светската листа и сега го држи 182 место.
Ѓорческа откако ја реализираше планираната програма на Пиринеите, сега ќе се насочи кон турнирите во Франција.

