Поранешниот НБА играч Крис Вебер ја пофали Индијана за потпишувањето на договорот со центарот, Ивица Зубац.
„Зубац, според мене, е еден од најпотценетите играчи во НБА затоа што едноставно си ја врши работата. Добро игра пик-ен-рол, ги вклучува соиграчите, може силно да заврши со забивање и ефикасен e околу кошот“, рече Вебер.
Хрватскиот кошаркар во сезонава има просек од 14,4 поени, 11 скока и 2,2 асистенции по натпревар.

