Екипата на Сиетл ја освои својата втора титула во Националната фудбалска лига (НФЛ) откако во текот на ноќта го победи составот на Њу Ингланд Патриотс со 29-13 на теренот во Сан Франциско.
Одличната одбрана на Сиетл практично го донесе новиот шампион. Ранинг бекот, Кенет Вокер, сосема очекувано беше прогласен и за најкорисен играч на „Супербол LX“.
Тој стана првиот на таа позиција што ја освои наградата за најкорисен играч во големото финале по Тарел Дејвис во 1998 година.

