Од 6–8 февруари 2026 година во Истанбул, Турција, успешно беше одржан карате семинар под водство на Венцислав и Дејан Недев.
Семинарот беше наменет за судии, тренери и каратисти, при што беа презентирани борбени техники, кати, како и ИТКФ натпреварувачки правила за судии.
Венцислав и Дејан Недев беа наградени со посебни признанија за нивниот придонес и развој на традиционалното карате во Турција.

