Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, ги коментираше гласините за евентуален трансфер на американскиот кошаркар, Најџел Хејс-Дејвис.
„Вистина е дека го сакаме во нашиот тим. Не можам да навлегувам во детали во моментов, тој разгледува неколку опции и се надевам дека ќе ја избере нашата понуда“ – рече Јанаи.
Американскиот кошаркар кој не се прослави во НБА, сега сака да се врати во Европа. Тој во сезоната 2024/25 играше за Фенербахче со просек од 16,7 поени, 5,3 скока, 1,7 асистенции и 1,1 украдена топка.

