Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, ќе ги нема на располагање Хакан Чалханоглу и Давиде Фартези за првиот плејоф натпревар во Лигата на шампионите против Бодо/Глимт, објави „Скај Спорт Италија“. Турскиот интернационалец има проблеми со мускулите додека Фратеси е болен од грип. Треба да се напомене дека Чалханоглу пропушти девет сезонски натпревари поради повреди. Мечот во Норвешка ќе биде вовед во 1/16 финалето во фудбалската елита на Европа меѓу двата тима. Реваншот ќе биде одигран по седум денови во Италија.

Read More
NBA

Коби Браун се приклучи на Индијана преку размена на Ивица Зубац. Поентерот одигра два натпревари за својот нов клуб, со просек од 6 поени, 6,5 скока и 2 асистенции за 23,5 минути по натпревар. „Разновиден играч. Може да игра и на позицијата 3 и на позицијата 4. Моќен. Брани на различни позиции“ – рече тренерот Рик Карлајл.„Одличен офанзивен скокач е – многу ќе го користиме тоа. Многу добро ја разбира играта“ – коментираше главниот тренер на Индијана.

Read More
NBA

Ветеранот во Голден Стејт, Дрејмон Грин, знае дека сезоната 2025-26 може да биде неговата последна со тимот, објави колумнистот на „Атлетик“, Ник Фридел. Дрејмонд сè уште има опција за следната сезона вредна 27,7 милиони долари но, тоа нема да ги спречи Вориорс да го продадат.  Четирикратниот шампион полни 36 години во март. Тој има просек од 8,6 поени, 5,7 скока и 5,2 асистенции по натпревар.

Read More
NBA

Главниот тренер на кошаркарите на Детроит, Б.Џ. Бикерстаф, призна дека сериозно се плашел од пензионирање откако бил отпуштен од Кливленд во 2024 година. „Во тоа време немаше слободни работни места. Само седев дома, поминував време со моето семејство и се обидував да разберам што да правам “ – рече тренерот. Тој откако го презеде Детроит за само две години оствари една од најимпресивните трансформации во НБА.

Read More

Шефовите на Јувентус, Дамиен Комоли и Џорџо Кјелини, би можеле да се соочат со сериозна казна за тоа што се случи по натпреварот во саботата со Интер, објавија локалните медиуми. Двајцата директори влегоа во расправија со судијата Федерико Ла Пења реагирајќи за црвениот картон што му беше покажан на Пјер Калулу. Видео што кружи на социјалните мрежи ги покажува Комоли и Кјелини дека се крајно агресивни кон судијата кој го споменал скандалот во неговиот извештај.

Read More

Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, е категоричен дека неговиот тим можеше да има повеќе бодови доколку Дониел Мален беше порано ангажиран на Олимпико. Неговата изјава доаѓа по ремито на гостувањето кај Наполи откако Мален ги даде двата гола. „Честопати ги завршуваме натпреварите со млади момци кои треба да растат, да стекнат искуство и карактер. Таков е Мален“ – рече Гасперини.„Тоа се фундаментални минути во натпреварите во кои ни требаат свежи нозе, кои ги имаат младите играчи, но тоа значи и недостаток на искуство“, коментираше Гасперини.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Наполи, Антонио Конте, по дербито со Рома 2:2, се осврна на транспарентот кој испрати силна порака до него и играчите за време на кризата со повредите. На истиот пишуваше: „Не знаеме каква ќе биде нашата судбина, но ќе бидеме покрај вас до крајот. И покрај многуте тешкотии, вие го почитувате дресот и градот“. „Фактот дека тие препознаваат дека се бориме за Наполи, дека го почитуваме дресот и дека не се откажуваме, претставува јасна и прекрасна порака за момците“ – рече Конте.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Милан, Масилијамо Алегри, проговори пред денешното гостување кај Пиза во меч од Серија „А“. „Милан има добра сезона. Почнавме со цел да се вратиме во Лигата на шампионите и моментално сме меѓу првите четири. Уште не сме постигнале ништо“ – рече тренерот на „росонерите“. „Пиза е силна во играта со високи топки. Ќе мора да се обидеме да имаме добар пристап. Ние размислуваме само за победа“ – потенцираше Алегри.

Read More

Англискиот елитен состав Тотенхем, потврди дека крилниот играч, Вилсон Одоберт, ги скинал предните вкрстени лигаменти и дека ќе мора да оди на операција. Британските медиуми објавија дека Французинот веројатно ќе го пропушти остатокот од сезоната. Тимот од северен Лондон се соочува со многу повредени играчи вклучувајќи ги Ричарлисон, тројца дефанзивци и неколку играчи од средниот ред меѓу кои се Џејмс Медисон, Родриго Бентанкур и Лукас Бергвајн.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, се осврна на вчерашното реми на теренот на Брентфорд во меч од Премиер-лигата. „Почетокот на второто полувреме беше брилијантен за нас. Постигнавме гол и воспоставивме контрола врз играта но, потоа стана хаотично“ – потенцираше Артета. „Тие се вистинска закана и тешко е да се браните. Сакавме да победиме но, имавме многу тежок противник“ – изјави тренерот на „топчиите“.

Read More