Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, е категоричен дека неговиот тим можеше да има повеќе бодови доколку Дониел Мален беше порано ангажиран на Олимпико. Неговата изјава доаѓа по ремито на гостувањето кај Наполи откако Мален ги даде двата гола.
„Честопати ги завршуваме натпреварите со млади момци кои треба да растат, да стекнат искуство и карактер. Таков е Мален“ – рече Гасперини.
„Тоа се фундаментални минути во натпреварите во кои ни требаат свежи нозе, кои ги имаат младите играчи, но тоа значи и недостаток на искуство“, коментираше Гасперини.

