Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, се осврна на вчерашното реми на теренот на Брентфорд во меч од Премиер-лигата.
„Почетокот на второто полувреме беше брилијантен за нас. Постигнавме гол и воспоставивме контрола врз играта но, потоа стана хаотично“ – потенцираше Артета.
„Тие се вистинска закана и тешко е да се браните. Сакавме да победиме но, имавме многу тежок противник“ – изјави тренерот на „топчиите“.

