Тренерот на фудбалерите на Интер, Кристијан Киву, ќе ги нема на располагање Хакан Чалханоглу и Давиде Фартези за првиот плејоф натпревар во Лигата на шампионите против Бодо/Глимт, објави „Скај Спорт Италија“.
Турскиот интернационалец има проблеми со мускулите додека Фратеси е болен од грип. Треба да се напомене дека Чалханоглу пропушти девет сезонски натпревари поради повреди.
Мечот во Норвешка ќе биде вовед во 1/16 финалето во фудбалската елита на Европа меѓу двата тима. Реваншот ќе биде одигран по седум денови во Италија.

